Контакт

Европски зимски младински олимписки игри 2011

 13-02-2011


Европски зимски младински олимписки игри 2011
Младите олимпијци во Либерец


Младинската екипа на МОК:
Борче Јованоски, Никола Панчевски, Соте Андреески, Тони Станоески и Марјан Нашоку

Во периодот 12-19 Фебруари 2011 година, во Либерец (Чешка Република) ќе се одржи Зимскиот Европски младински олимписки фестивал на кој ќе учествуват и младите македонски олимпијци.

Младинската олимписка екипа во состав Тони Станоески (биатлон-дисциплина спринт 7,5 км и индивидуално 12,5 км), Соте Андреески (нордијско скијање-класично 10 км, спринт 1,2 км, дистанца 7,5 км), Марјан Нашоку (алпско скијање - слалом и велеслалом), заедно со нивните тренери Никола Панчевски (алпско скијање) и Борче Јованоски (нордијско скијање и биатлон), ќе се обидат да постигнат резултати кои се на ниво на нивните најдобри лични остварувања. Овој Олимписки фестивал треба да им даде мотив на нашите млади олимпијци многу повеќе да тренираат и усовршуваат во насока на фаќање на чекор со светската елита во зимските спортови. Младата олимписка екипа веќе е пристигната во Либерец, сместувачките капацитети во Олимпиското село се на високо ниво, а младите олимпјци заедно со нивните тренери веќе ги одработија првите официјални тренинзи и нестрпливо го очекуваат својот прв официјален настап.

Знамето на младинската екипа на Македонскиот олимписки комитет на церемонијата на отварање на Зимскиот Европски младински олимписки фестивал ќе го носи Соте Андреески.

На Зимскиот Европски младински олимписки фестивал ќе настап вкупно околу 1600 спортисти од 44 европски држави, а ќе има и рекорден број на акредитрани новинари (185) од цела Европа. На церемонијата на отварање ќе присуствува и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет д-р Жак Рог, а настанот, во живо, ќе биде пренесуван и на сателитскиот ТВ канал Евроспорт 2 (19:30), на кој што ќе има и пренос, во живо и снимка, од речиси сите спортски настани на Зимскиот Европски младински олимписки фестивал.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014