|
|
ВЕСТИ |
|
OДРЖАН ОЛИМПИСКИОТ ПЛИВАЧКИ СЕМИНАР ЗА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ |
08-07-2009 |
 |
OДРЖАН ПЛИВАЧКИ СЕМИНАР ЗА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ
Благодарение на соработката на МОК со Германскиот олимписки комитет, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија и Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, во периодот 25 Јуни до 2 Јули 2009 во просториите на МОК и на Олимпискиот базен во Скопје, се одржа стручен семинар за пливачките тренери во Македонија.

По тој повод во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа заедничка прес конференција со Амбасадата на Сојузна Република Германија, на која присуствуваа Генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски, Првиот секретар за култура, медиуми и спорт на Германската Амбасада, г-ѓа Соња Боне и експертот на Германскиот олимписки комитет, г-дин Олав Шпал.
 Многубројните пливачки стручњаци во Македонија низ работата и предавањата на германскиот експерт г-дин Олав Шпал, инструктор за обука на тренери по пливање со лиценца на ФИНА, осознаа за многу новитети и методи во современиот тренинг.
“Деновиве присуствував на државното првенство за да видам до каде е македонското пливање и што треба да се доработи. Иако моментално резултатите не се најзадоволителни, има големи причини да се надеваме на добри резултати во иднина. Некои работи можат да се подобрат во самиот тренинг, како и условите за работа. Ги советував тренерите дека треба да се зголеми вкупниот обем на тренинг, но да се намали непосредно пред натпревар“- изјави г-дин Шпал.
  - Навистина, овој семинар беше многу корисен, особено за младите стручњаци, а се потврди потребата дека почесто треба да имаме вакви стручно упатени предавачи, кои несебично ги пренесуваат своето знаење и искуство - вели олимпискиот тренер Марјан Соколовски.   
|
| Назад |
|
|
|
|