|
Македонскиот олимписки комитет и АГМ Спортс потпишаа Договор за партнерство за помош на македонските спортисти

(Скопје, 14 април 2009 година) Македонскиот олимписки комитет и АГМ Спортс потпишаа Договор за партнерство со главна и единствена цел да им помогнат на македонските спортисти во однос на нивното спортско усовршување (подобри услови за тренинг и натпреавари), но и продолжување на образованието на соодветните универзитети во Соединетите Американски Држави.

Договорот беше потпшишан од Гонзало Коралес, Директор на АГМ Спортс и д-р Сашо Поповски, Генерален секретар на МОК. Г-динот Коралес објаснувајќи ги бенефициите на американскиот колеџ систем, даде насоки за потребата на македонските спортисти да имаат и други отворени опции, и колку спортисти од Македонија би можеле да се стекнат со универзитетско образование додека тренираат и се натпреваруваат на највисоко ниво (повеќе...). 
Истовремено д-р Сашо Поповски ја искажа намерата на МОК за давање на помош на националните спортски федерации, посебно преку „програмата со која може да се помогне на нашите спортисти да добијат соодветни услови за тренинг и натпревар какви што им се потребни и какви што нашите спортисти заслужуват да ги имат“.

АГМ Спортс, преку Македонскиот олимписки комитет ќе работи со младите македонски спортисти кои се заинтересирани да тренираат и да се натпреваруваат во САД, на највисоко можно спортско ниво, а во исто време ќе студираат на американските факултети. Компанијата ќе им помогне на овие спортисти во текот на уписниот процес во САД и ќе посредува во разговорите со универзитетите, обидувајќи се да најде спортска стипендија и најдобра опција за нивната спортска и професионална иднина.
Инаку една стипендија која МОК со помош на АГМ Спортс ќе ја обезбеди за нашите млади спортисти изнесува од 100,000 до 160,000 американски долари за четири години студирање во САД и ги покрива трошоците за сместување, студрање и тренирање. Програмата ќе се промовира во соработка со соодветните Национални спортски федерации во Македонија. Претставниците на разни федрации (тенис, пливање, одбојка, атлетика и кошарка) присуствуваа на состанокот, разбирајќи ги подетално можностите за помош на нашите талентирани спортисти.
|