|
|
|
|
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ ТИМ ЕМЗОФ ШЛАСК БЕСКИДИ 2009 |
|
13-02-2009 |

 МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ ТИМ ШЛАСК БЕСКИДИ 2009
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа прес конференција на која беше претставена делегацијата на МОК – учесници на Европскиот младински зимски олимписки фестивал во Сласк Бескиди, Полска 2009.

Членовитe на Олимпискиот тим на МОК за ЕМОФ во Сласк Бескиди ќе бидат облечени во спортската опрема на реномираниот македонски производител на спортска опрема МАКСПОРТ. Спортска опрема на нашите млади спортисти им поклони и ВИП оператор, член на Мобилком Австрија групацијата. За осигурувањето на младите спортисти задолжен е ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ.
Делегацијата на МОК ќе биде во состав: Росана Кировска - Натпреварувач (нордиско трчање) Влатко Филипов - Натпреварувач (нордиско трчање) Бесар Илјази - Натпреварувач (алпско скијање) Ана Пајковска - Натпреварувач (сноуборд) Александар Георгиевски - Тренер Драган Симеоновски - Тренер Борче Јовановски - Тренер Сашо Поповски - Шеф на мисија.
Дисциплини во кои што настапуват нашите натпреварувачи: Алпско скијање (повеќе...) Нордиско трчање (повеќе...) Сноуборд (повеќе...)
 На пресот присуствуваше и Хади Илијази, потпретседател на Скијачката федерација на Македонија.

Во насока на што подобра организација за квалификации и учество на нашите спортисти на ЗОИ ВАНКУВЕР 2010, спортскиот директор на МОК, г-дин Владимир Богоевски, на 17 фебруари 2009 година ќе замине на средба со Организациониот комитет на Олимписките игри Ванкувер, на која ќе треба да се договорат детали за подготовките и учеството на Олимписката делегација на МОК.
Инаку, претседателот на Полскиот олимписки комитет, г-дин Пјотр Нуровски, го запали олимпискиот оган за Зимскиот младински олимписки фестивал во Сласк Бескиди, во присуство на Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Д-р Жак Рог и Потпретседателот на Европскиот олимписки комитет, Александар Козловски.


|
| Назад |
|
|
|
|
|