|
|
ВЕСТИ |
|
ОДРЖАНА 18-ТАТА СЕДНИЦА НА МОК |
21-06-2010 |
 |
|

ОДРЖАНА 18-ТАТА СЕДНИЦА НА МОК
Денес (17 Јуни 2010 година), во просториите на МАКПЕТРОЛ АД се одржа 18-тата редовна седница на Собранието на Македонскиот олимписки комитет. На самиот почеток, со една минута молчење им се одаде почит на големите пријатели на МОК, г-динот Хуан Анотонио Самаран (поранешен претседател на ИОК) кој почина по долго боледување, г-динот Пјотр Нуровски (поранешен претседател на Полскиот олимписки комитет) кој загина во авионска несреќа и посебна почит му се одаде на младиот грузиски спортист, Нодар Кумариташвили, кој несреќно загина на Олимписката патека за санкање во Ванкувер. 
На самиот почеток, претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, генералниот секретар Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски ги презентираа програмските, спортските и финансиските извештаи за работата на највисокото невладино спортско тело во Македонија во 2009 година и во првата половина на 2010 година.  Трофејот на ИОК за фер плеј од 2005 година, конечно и беше предаден во рацете на Стојна Вангеловска (поради нејзиниот ангажман во странство и спреченост да го прими трофејот), која во оваа пригода се заблагодари за оваа голема почест. Признание од МОК за врвен спортски резултат доби и Бранко Манев, за освоената титула светски јуниорски првак во куглање.  Собранието на МОК, го поздравија и Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Н.Е. г-ѓа Симоне Филипини која од страна на претседателот на МОК, доби посебно признание за унапредување и развој на олимпизмот и спортот во Македонија. Исто такво, признание добија и Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-ѓа Улрике Марија Кноц и Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. д-р Донатино Маркон.  Свое излагање имаа и спортистите (кои добија специјална покана за присуство на оваа седница) и тренерите како и претседателите на националните спортски федерации кои се заблагодарија за помошта и поддршката која ја добиваат од МОК, со надеж дека оваа соработка ќе биде поставена на уште повисоко ниво.  На крајот, д-р Васил Тупурковски предложи одржување на една заедничка конференција на сите фактори во спортот (МОК, АМС, Националните спортски федерации, високо образовните спортски институции и др.) на која би биле предложени соодветни решенија за надминување на долгогодишната криза на македонскиот спорт.

|
| Назад |
|
|
|
|