НОВА АКТИВНОСТ НА МОК СО ПОСТРУЧЕН СПОРТСКИ КАДАР ДО ПОКВАЛИТЕТЕН СПОРТМакедонскиот Олимписки Комитет во соработка со Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија, Меѓународниот олимписки комитет и Словенечката гимнастичка федерација, организира Меѓународен семинар за тренери во Женска и Машка спортска гимнастика. Обуката за тренери ќе се одржи во Охрид, од 21-ви до 23-ти ноември 2008 година, а предавач ќе биде словенечкиот експерт за гимнастика, Д-р Едвард Колар (повеќе...). Г-динот Едвард Колар е поранешен повеќекратен светски и европски првак во гимнастика, а моментално е потпретседател на Словенечката гимнастичка федерација. Теми на семинарот ќе бидат:1. Развој на Експертски модели на успешност и подготовка на врвни спортисти во спортската гимнастика2. Дефинирање на менаџмент на спортистите 3. Дефинирање на спортска гимнастика4. Организациска структура во процесот на тренинг5. Дефинирање на успешност во спортот и дефиниција за потенцијалите на спортистот6. Дефинирање на процесот на тренинг во спортската гимнастикаПокрај теоретскиот дел, обуката за тренери ќе има и свој практичен дел.Трошоците за семинарот, трошоците за сместување и патните трошоци, за учесниците и за предавачите ќе бидат покриени од страна на Македонскиот Олимписки Комитет.
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ