|
|
|
|
МОК ГО УНАПРЕДУВА ТАЕКВОНДОТО ВО МАКЕДОНИЈА |
|
26-04-2011 |

|
Обезбедено олимписко усовршување на стручниот кадар МОК ГО УНАПРЕДУВА ТАЕКВОНДОТО ВО МАКЕДОНИЈА |
|
 Патрис Ремарк (пом.тренер на Американскиот Таеквондо национален тим) и Зоран Мирковиќ
|
|
Како дел од меѓународната програма на МОК за унапредување на стручниот (тренерски) кадар во Македонија, по речиси двомесечна обука и престој во САД минатата година, која беше обезбедена од МОК, во периодот што претстои (29 април до 4 мај 2011 година) во Лозана нашиот тренер по таеквондо, Зоран Мирковиќ, ќе го брани својот труд „Изработка на долгорочен план за развој на врвни спортисти по таеквондо“.
МОК за Зоран Мирковиќ го обезбеди еден од најдобрите американски експерти за обука на тренери и долгорочен развој на врвни спортисти по таеквондо, г. Бил Томсон, кој во измината година секојдневно комуницираше со Зоран Мирковиќ и го насочуваше во својот труд кон изработка на висококвалитетна стратегија за развој на врвни спортисти по таеквондо.
Нашиот тренер ќе го брани својот труд пред четиричлена комисија составена од директорот за развој на Американскиот олимписки комитет, претставник на Меѓународниот олимписки комитет и претставник на Меѓународната таеквондо федерација. МОК верува дека Зоран Мирковиќ успешно ќе го заврши својот испит и дека со тоа Македонија ќе се стекне со уште едно звучно и квалитетно тренерско име, кое напорно и вредно ќе работи на унапредување на таеквондото во Македонија. |
|
| Назад |
|
|
|
|
|