
МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТИ НА ЛОИ ПЕКИНГ 2008
Од 8 до 24 август 2008 година, во ПЕКИНГ, НР КИНА, се одржуват 29-тe Летни олимписки игри, на кои, од Република Македонија треба да настапат следните спортисти:
-
Атанас Николовски – Кајак на диви води (К1) - "A" oлимпипска норма.
-
Мурад Рамазанов - Борење (слободен стил) - "A" oлимпипска норма.
-
Сашо Несторов - Стрелаштво (10м. воздушна пушка) - вајлд карта.
-
Елена Поповска - Пливање (100м. слободно) - покана од ФИНА - потврдено.
-
Михајло Ристовски - Пливање (200м. слободно) - покана од ФИНА - потврдено.
-
Ивана Рожман - Атлетика (100 м.) - покана од ИААФ - потврдено.
-
Реџеп Селман - Атлетика (трискок) - покана од ИААФ - потврдено.
Исто така, информираме дека од страна на ИОК е одлучено Предраг Русевски (тенис-поединечно) да биде прва резерва за учество на ЛОИ ПЕКИНГ 2008.
Претходно, со одлука на ФИЛА, Љуљзим Вранези (борење-слободен стил) е одреден да биде прва резерва за учество на олимпискиот турнир во борење на ЛОИ ПЕКИНГ 2008.
Македонскиот олимписки комитет секогаш и во целост ги почитува правилата на Меѓународниот олимписки комитет, а со тоа и на Меѓународните спортски федерации кои се негови членки.
За какви и да се дополнителни информации поврзани со горе наведеното, Македонскиот олимписки комитет е целосно на располагање во однос на разјаснување на сите нејасни ситуации.
Генерален секретар
Д-р Сашо Поповски