|
|
|
|
ТАЖНА ВЕСТ-ПОЧИНА ФИЛИП ЃУРЧИНОВСКИ |
|
09-08-2010 |

ТАЖНА ВЕСТ - ПОЧИНА ФИЛИП ЃУРЧИНОВСКИ
 Na 4 Август 2010 година, во 75 година од животот, почина Филип Ѓурчиновски, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Управниот одбор и на Собранието на МОК.
 Филип Ѓурчиновски е роден на 17 Мај 1935 година во с.Тресонце, Галичник. Тој беше истакнат спортски работникот кој целиот свој живот го посвети на развојот на Олимпизмот и спортот во Македонија. Филип Ѓурчиновски беше претседател на ФК Вардар во периодот 1980-1994 година, кога ФК Вардар стана и шампион на поранешна Југославија и избори учество во Купот на Европските шампиони. По овој успех Филип Ѓурчиновски беше прогласен и за почесен претседател на ФК Вардар. Во периодот 1984-1996 година, Филип Ѓурчиновски беше Генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Тој беше активен фудбалер во ФК Работнички, Напредок (Кичево) и Вардар. Филип Ѓурчиновски беше и Претседател на Надзорниот одбор на Македонскиот олимписки комитет.
Погребот ќе се одржи na 5 Август 2010 година, на градските гробишта Бутел (11.30 часот).
|
| Назад |
|
|
|
|
|