|
|
|
|
ЕГИПЕТСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ВО ПОСЕТА НА МОК |
|
10-07-2011 |

|
  Во насока на лобирање за добивање на организација на Медитеранските игри 2017
ЕГИПЕТСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ВО ПОСЕТА НА МОК |
|
Во насока на барање на силна поддршка од страна на МОК за добивање на организација на Медитеранските игри 2017 година, во периодот од 14 до 17 јули, како гости на МОК, ќе престојуват Генерал Махмуд Ахмед Али-Претседателот на Египетскиот олимписки комитет, Д-р Хасан Мустафа-Претседател на Меѓународната Ракометна Федерација и членови на Комитетот за кандидатура на Александрија за град домаќин на Медитеранските игри 2017 кои во канцеларијата на МОК ќе ја презентираат својата кандидатура.
Оваа посета ќе биде искористена и за договарање на соработка меѓу Македонскиот и Египетскиот олимписки комитет во насока на добивање на помош и унапредување на врвниот спорт во Македонија, но и за добивање на соодветна помош од Меѓународната Ракометна федерација за потребите на Ракометната федерација на Македонија.
МОК е член на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри од 2009 година, кога во Пескара, Италија, членовите на Генералното собрание едногласно ја донесоа оваа одлука. |
|
| Назад |
|
|
|
|
|