
ОЛИМПИСКИ СТИПЕНДИИ ЗА ЗОИ ВАНКУВЕР 2010
Денес, 4.2.2009 година, во просторите на Македонскиот олимписки комитет, беа потпишани олимписки стипендии со нашите спортисти, кандидати за ЗОИ ВАНКУВЕР 2010.
Договори за стипендирање потпишаа Росана Кироска, Китанов Александар и Ристевски Антонио. Тие ќе бидат стипендисти на Македонскиот олимписки комитет до ЗОИ ВАНКУВЕР 2010.




Македонскиот олимписки комитет ќе обрне внимание и на останатите олимписки кандидати (Дардан Бехари, Ицевски Ѓоко, Дарко Дамјанов и Александар Кацарски) кои ќе бидат помагани на соодветен начин со кој би се овозможил и нивно учество на ЗОИ ВАНКУВЕР 2010. Во прилог на ова, одат и договорените соработки со Американскиот, Италијанскиот, Гермаскиот и Хрватскиот олимписки комитет за обука на наш стручен кадар, за обука на наши спортисти и за донација во спортска опрема.

Официјална средба со Претседателот на Европските олимписки комитет, г-дин Патрик Хики и Генералниот секретар на Италијанскиот олимписки комитет, Рафаеле Пањоци со Претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски и Генералниот секретар на МОК, Д-р Сашо Поповски (Рим, 30.01.2009 г.)

Официјална средба со Претседател и Генералниот секретар на Хрватскиот олимписки комитет, г-дин Златко Матеша и г-дин Јосип Чоп (На слика: Владимир Богоевски, спортски директор на МОК, Јосип Чоп, Генерален секретар на Хрватскиот олимписки комитет и Сашо Поповски, Генералниот секретар на МОК, (Загреб, 22.01.2009 г.)
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа и состанок со учесниците на Европскиот младински олимписки фестивал, кој ќе се одржи во Сласк Бескиди, Полска во периодот 14-21 фебруари 2009 година. Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Скијачката федерацијата на Македонија, ги одреди следните патници:
Росана Кировска - Натпреварувач
Бесар Илјази - Натпреварувач
Влатко Филипов - Натпреварувач
Ана Пајковска - Натпреварувач
Александар Георгиевски - Тренер
Драган Симеоновски - Тренер
Борче Јовановски - Тренер
Сашо Поповски - Шеф на мисија.
Исто така, преку Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Скијачката федерација на Македонија, во Кореја, на покана на провинцијата ГАНГВОН, како дел од ДРИМ ПРОГРАМОТ, во периодот 17-26 фебруари 2009 година, на скијачка обука ќе заминат Тео Атанасовски Калејски, Грегор Ников, Давид Малилнковски и Предраг Поповиќ.
Нова специјализација!
Врз основа на соработка помеѓу Македонскиот и Хрватскиот олимписки комитет, од 6 фебруари до 22 март 2009 година, на базични подготовки во Австралија ќе замине нашиот олимпијец, Атанас Николовски. Покрај подготовките со Хрватската и Австралиската кајак репрезентација, Атанас ќе настапи и на Австралијан опен рејс, натпревар кој ќе послужи како подготовка за неговиот настап на Европското и на Светското првенство во 2009 година. Престојот и патните трошоци на Атанас Николовски се целосно покриен од страна на Македонскиот олимписки комитет.