|
Олимписки семинар по спортска медицина  Во своите редовни активности и исполнување на олимписките програми, Македонскиот олимписки комитет, на 14 и 15 декември 2009 година организираше меѓународен семинар по спортска медицина.  На семинарот во Скопје, кој беше во рамките на олимписката програма, еминентни европски стручњаци им ги пренесоа своите искуства на спортските лекари од нашата држава кои масовно го посетија истиот.  Претседателот на МОК Васил Тупурковски во поздравниот збор во присуство на координаторот на семинарот д-р Сци. Зоран Ханџиски ги представи предавачите проф.д-р Булент Улкар од Република Турција и проф.д-р Кристина Цицибику од Република Грција.   На дводневниот мошне успешен семинар македонските стручњаци имаа прилика да ги споделат знаењата и искуствата на странските предавачи во областа на спортската медицина, а беа третирани темите: “Заштита од спортски повреди”, “Рехабилитацијата на спортистите”, “Допингот во спортот”, “Додатоците во исхраната на спортистите” и многу други.  Во работата на семинарот покрај меѓународните стручњаци со свои теми учествуваа и бројни доктори и професори од Македонија: Д-р Сци. Зоран Ханџиски, Проф. д-р Здравко Тројачанец, Проф.д-р Анастасика Попоска, Д-р Илија Стоилов, Асс. д-р Лидија Попоска, Д-р Наде Темелковска, Доц. Метин Далип, Прим д-р. Сци. Вера Симовска, Г-ѓа Каролина Костадиновска, Проф. Јован Јовановски, Рубин Србиновски, Д-р Зоран Симоновски и многу други.  МОК со организацијата на вакви стручни собири станува вистински лидер на Балканот за едукација и оспособување на стручњаците кои работат во врвниот спорт, а се грижат за заштита на здравјето на спортистите.
|